Градежен работник вчера паднал од скеле на третиот кат од објект во изградба во Штип. Несреката се случила во населбата „8 Ноември“ од каде работникот со повреди на нозете и ребрата бил пренесен во штиската клиничка болница, објави „ТВ Стар“.
Според извори на „ТВ Стар“ работникот не бил осигуран, а при сослушувањето газдата изјавил дека тој работникот не го познавал. Според него, тој на третиот кат од зградата се качил од љубопитнст.
За несреката информирани се полицијата, трудовиот инспекторат и јавното обвинителство