Македонија 13. јуни 2020. / 20:00

Гостиварчанка на 31-годишна возраст е најмладата жртва на корона вирусот во последните 24 часа

Гостиварчанка на 31-годишна возраст е најмладата жртва на корона вирусот во последните 24 часа

Најмладата жртва на корона вирусот во Македонија во последните 24 часа е 31-годишна пациентка од Гостивар, која била хоспитализирана на Инфективната клиника од 26 мај.

Гостиварчанката е една од осумте луѓе што починале од корона вирусот во последните 24 часа во Македонија. Четири од нив се од Скопје, еден од Струга, еден од Охрид, еден од Гостивар и еден од Ресен.

Освен пациентката од Гостивар, на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби почина и пациентка на возраст од 76 години, хоспитализирана пред 10 дена, како и пациент на возраст од 67 години, хоспитализиран пред осум дена.

Во ГОБ „8 септември“ починаа тројца пациенти, од кои двајца од Скопје. Првиот е починат на возраст од 43 години, хоспитализиран на 11 јуни, а втората е пациентка на возраст од 59 години, хоспитализирана на 10 јуни. Пациентот од Струга е на возраст од 56 години, хоспитализиран на 2 јуни.

Во болницата во Битола почина пациент од Ресен на 68 години, хоспитализиран во текот на вчерашниот ден.

Во болницата во Охрид почина пациент на возраст од 81 години, хоспитализиран на 10 јуни.