Македонија 21. јануари 2020. / 13:35

Гордана Силјановска: И македонската кујна во северномакедонскиот празен контејнер

Гордана  Силјановска: И македонската кујна во северномакедонскиот празен контејнер

Професорката и кандидат за претседател на државата Гордана Силјановска Давкова реагира на срамната „презентација“ на некаква „северномакедонска кујна“ на саем за храна во Германија:

„Не знам дали политичкиов бурек во Берлин го месел бившиот министер за земјоделство и шумарство, Љупчо Николовски, или сегашниов, Трајан Димковски, ама знам дека и трошките македонство од Преспанската маса ги истресоа на земја, наместо да ги соберат и да ги чуваат.

Има ли ден во кој нема да бидеме посрамени ние, Македонците? Зарем и прекрасната македонска кујна, чиј вкус и мирис, никој што ја посетил Македонија не ја заборавил, ќе ја фрлите во северномакедонскиот празен контејнер?

Бурекот од Кадино не е северномакедонски, ами македонски, а лошите, размакедончени државни бурекчии, на чело со главниот политички готвач треба да добијат политички отказ“ – пишува Силјановска Давкова на фејсбук.