Македонија 03. декември 2020. / 13:47

Годинава повеќе разводи, помалку бракови во однос на лани

Годинава повеќе разводи, помалку бракови во однос на лани

Во периодот од три месеци, јули, август и септември, во македонија имало 357 разведени бракови, што претставува зголемување од 8.5 проценти во споредба со истиот период минатата година.

Податоците на Државниот завод за статистика покажуваат дека бројот на склучените бракови во ова тримесечје, пак, е намален за 12.9 проценти во споредба со истиот период минатата година и изнесува 3.768 бракови.

Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на живородените деца во третото тримесечје од 2020 година, во споредба со истиот период од претходната година, е намален за 5.2 отсто и изнесува 5.141 живородени деца. Бројот на умрените лица во третото тримесечје од 2020 година бележи зголемување од 15.3 % во споредба со истото тримесечје од 2019 година и изнесува 5.419 лицa, од кои 23 се умрени доенчиња.

Природниот прираст е негативен, -278 лица, што значи дека за толку лица бројот на живородените деца е помал од бројот на умрените лица,покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.