Македонија 22. декември 2019. / 12:05

Годинава на територијата на Скопје изречени само 6 забрани за непочитување на правата на работниците во градежниот сектор

Годинава на територијата на Скопје изречени само 6 забрани за непочитување на правата на работниците во градежниот сектор

Трудовата инспекција во 2019 година на територијата на Скопје изрекла само шест забрани за непочитување на правата на работниците во градежниот сектор, пишува Алсат.

Иван Пешевски од Синдикатот за градежништво, индустрија и проектирање, вели дека институциите не си ја вршат како што треба нивната задача за спречување на кршење на правата на работниците.

И покрај некоја спорадична забрана што ја изрекува инспекторатот, тој вели дека градежните работници се на скелиња и во деновите кога има предупредувања за загаден воздух, кога има високи или многу ниски температури.

Тој додава дека веќе шест години се обидуваат да дојдат до договор со Владата градежните работници да имаат бенефициран стаж.

Дека немаат капацитет да ја покријат целата територија на градот, признаваат и од Трудовата инспекција.

Грозданка Тилева вели дека градежните компании најмногу се плашат од забраните за работа отколку од казни, бидејќи со спроведување на првата казна штетите се поголеми.

Целиот текст можете да го прочитате ТУКА.