Годинава државната наградата „Мито Хаџи Василев-Јасмин” за остварувањa во областа на публицистиката и новинарството нема да се додели. Ниту еден од кандидатите не ги добил потребните гласови, соопштија од Министерството за култура.
Во соопштението се вели дека Одборот за доделување на државната награда „Мито Хаџи Василев – Јасмин”, во согласност со Законот за државните награди, Законот за изменување и дополнување на Законот за државните награди на седницата одржана на 26 ноември донел одлука државната награда да не се додели на ниту еден од пријавените кандидати.
„Одборот одлучи како во точка 1 од оваа Одлука со оглед на тоа што ниту еден од кандидатите не го доби потребното мнозинство гласови за добитник на државната награда „Мито Хаџи Василев-Јасмин“ за 2019 година. Оваа Oдлука влегува во сила од денот на донесувањето, а ќе биде објавена во „Службен весник на Република Северна Македонија”, се вели во соопштението.