Македонија 21. август 2020. / 14:28

Го поби обвинението: Вељаноски имал најмалку десет обиди да закаже седница за избор на претседател на Собранието

Го поби обвинението: Вељаноски имал најмалку десет обиди да закаже седница за избор на претседател на Собранието

Поранешниот претседател на Собранието, Трајко Вељаноски, во целост го поби обвинението за кое се товари поврзано со настаните од „27 април“. На денешното рочиште тој со документи покажа дека имал најмалку десет обиди да закаже конститутивна седница за избор на претседател на Собранието, но оти не биле создадени деловнички услови.

Тој уште рече и дека на пратеникот Зекирија Рамадани морал да му даде збор, бидејќи бил заменик координатор на пратеничкка група.

За потсетување, кога Рамадани излезе на говорницата почна да ја пее албанската химна што беше повод незадоволните граѓани да влезат во Собранието.

Вељаноски истакна дека Спасовски од СДСМ бил упорен нивната коалиција да го има претседателот на комисијата за избори и именувања, но оти тоа не било прифатено.
Подоцна тој прифтил и за прв човек на оваа комисија бил избран Илија Димовски, а за заменик Зоран Илиевски, и двајцата од ВМРО-ДПМНЕ.

-На тој начин на 23 март 2017 година се создаде деловничка можност за избор на претседател на комисијата за избори и именувања, потсети Вељаноски.

Тој направи споредба со денешната седница на Собранието и дека нема да биде избрана комисија за избори и именувања, туку дека директно ќе се оди на точката за избор на претседател на Собранието.