Македонија 12. февруари 2020. / 18:58

Главниот сведок на Фатиме Фетаи сведочеше дека никој не нарачал насилни протести во Центар

Главниот сведок на Фатиме Фетаи сведочеше дека никој не нарачал насилни протести во Центар

Сведокот Томислав Лазаров, кој е осуден во случајот „Насилство во Центар“, а денеска сведочеше за денот на протестите и што претходело на истите, е најзначајниот сведок на обвинителката Фатиме Фетаи. Клучниот сведок, Лазаров, кого прво го притиснаа и го исплашија дека ќе оди во затвор за да го врбуваат за соработник, всушност испука празен куршум.

Даниела Рангелова како советник во Општина Центар немала комуникација со обвинетите во случајот, кажа Лазаров, по што дополни дека таа постојано реагирала и негодувала кога тој се обидувал да ја одолжи седницата за да не се изгласа дневен ред. Осудениот сведок, Лазаров, посочи дека немало насока од обвинетите во овој случај, кои ги спомена претходно, дека протестите треба да бидат насилни.

Никој немаше добиено таква насока, во однос на партиската организираност на протестите, во ниту еден момент не беше воопшто споменато дека протестите треба да бидат и насилни – рече Лазаров на прашање од адвокат кој дополнително кажа дека не ги познава Дарко Стојчевски, Даниел Трипуновски и Трајче Петковски, кои се обвинети во истиот случај.

За Јанакиески немал писмено известување дека е координатор на општинскиот комитет, чиј претседател во тоа време, бил самиот Лазаров.

Мене како на претседател освен дека сум именуван, а со тоа и член на ЦК немам друго писмено известување. Немав писмено известување за тоа кој е координатор на општински комитет. Кажав дека лично од страна на Миле Јанакиески дека тој ќе биде тоа. И кога беше направена промена на координатор, исто усно ми беше кажано. Тоа е по овие настани – сведочеше Лазаров.

Томислав Лазаров кој подолг период е дискуминициран од партијата и е во тесни пријателски и фамилијарни релации со Јани Макрадули, за што има јавно објавени фотографии. Доколку ја говори вистината, тој во својство на претседател на ОК Центар и наводно, во негово присуство, сите други претседатели на ОК во град Скопје биле информирани дека се создало ново здружение во одбрана на црквата во Центар кое ќе организира мирни протести. Јавен повик за присуство на протестите како што се сеќаваме даде Владиката Агатанѓел и здружението Веритас. Но никогаш не повикале на насилство.

Од претседателите на ОК, според сведокот Лазаров, наводно било побарано да ги информираат партиските членови да го подржат протестот со нивно присуство и НЕ било побарано да има насилство. Ниту Владиката, ниту здружението повикале на насилство туку само на мирни протести.

Ниту претседателите на Општинските комитети не добиле насока за насилство или за користење на незаконски средства.

Дури и се да е така, се поставуваат две прашања.
Што е тука нелегитимно?
Што е тука незаконски?
Со кој закон се забранети повици за мирни протести или присуство на такви.

Кој во оваа и во секоја демократска држава, било да е граѓанин, партиски луѓе, владика, невладина организација или кој и да е, не може да повика или охрабри на мирни протести или нивна подршка за било што?
Секој може тоа да го направи и секој што сака го прави. И никој не е на обвинителна клупа освен овие луѓе во овој случај.
Со ова издиша балонот во овој случај.

Што е тука насилство и каде е поттикнувањето насилство за што е обвинет Миле Јанакиески и Никола Груевски? – прашуваат правниците.

Со ова сведочење на главниот сведок на обвинителството овој предмет веќе оди кон јасен исход за ослободување од кривично гонење на обвинетите, доколку се суди по закон. Лазаров на судењето даде и еден исказ за кој постојат докази дека е лажен за што може да има кривична пријава за лажно сведочење против него. Тој тврдеше дека Миле Јанакиески бил член на ИК на партијата и координатор за општинскиот комитет Центар во тоа време, што е неточно, на што Јанакиески реагираше. Но тоа е небитен детал.

Клучно е дека Лазаров во ниту една ситуација не кажа дека имал било каков разговор, инструкција или барање од Груевски во врска со овој протест. Лазаров не кажа дека имал било какво барање од Јанакиески или од било кој да организира насилни протести, а двајцата се обвинети дека тоа го поттикнале односно правеле.

Ниту пак таму имаше нешто што би можело да се нарече насилство или удрени и повредени лица. Штетата е 23.000 денари и е незначителна.
Ако градоначалникот Курто Дудуш за претепување луѓе со тупаници доби опомена, за кршење стакло и викање во дворот на општината обвинетите протестанти кои се изјаснија дека за протестот не ги повикала партијата туку како верници дошле одкако го чуле апелот на Владиката, не би требало да го добијат ни тоа-опомена. Како што со ништо не беа казнети подржувачите на СДСМ кога кршеа стакла на бараката на град Скопје.

Како што беа ослободени преставниците на шарените протестанти кои не само што скршија стакла туку ја запалија канцеларијата на претседателот Ѓорге Иванов.

Не може судот за едни да е мајка а за други маќеа колку и да има притисок од Заев и СДСМ.