Македонија 20. ноември 2020. / 17:23

Главната сестра на битолската болница си даде оставка

Главната сестра на битолската болница си даде оставка

Главната медицинска сестра во Клиничката болница во Битола, Радмила Бајовска, поднела неотповиклива оставка.

Како што објави „Нова Македонија“, за оставката на местото главна сестра, Бајовска покрај директорката на болницата Билјана Гагачевска, лично го запознала и министерот за здравство Венко Филипче.

Засега не се познати причините за оставката на Бајовска.

Инаку Бајовска е сестра со долгогодишно искуство и таа беше главна сестра во изминатите неколку години.