Македонија 25. декември 2019. / 12:45

Главчев: После моето приведување цената за рекламирање рипна на 100.000 евра

Главчев: После моето приведување цената за рекламирање рипна на 100.000 евра

Бизнисменот Томе Главчев на денешното рочиште за случајот „Рекет“ истакна дека годишно можеле да одвојат до 50.000 евра за реклама во повеќе медиуми.

Се беше коректно се додека не се случи моето приведување. После тоа цената за рекламирање рипна на 100.000 евра. Јасно ми беше што се случува кога човек е во тесно, посочи Главчев.