Гласањето на предвремените парламентрани избори продолжува до 21 часот.
Иако вообичаено граѓаните може да го дадат својот глас најдоцна до 19 часот, годинава поради состојбата со епидемијата на корона вирусот и ригорозните правила при гласањето што одземаат повеќе време, гласањето е продолжено за два часа. Затоа вечерва избирачките места ќе бидат затворени во 21 часот.
На изборите право на глас имаат 1.814.263 граѓани, а според податоците на ДИК, до 19 часот гласале околу 46 проценти под гласачите.
Ова се 25 по ред избори кои се одржуваат во нашата држава, а оваа година се избира меѓу 15 изборни листи и 1560 кандидати за пратеници.
Граѓаните кои припаѓаат на шестата изборна единица имаал најмал избор за кој ќе го дадат својот глас. Само 10 изборни листи се поднесени во оваа единица, потоа следува третата, каде што има три повеќе, односно 13, а најголем избор ќе имаат гласачите од втората изборна единица, каде сите 15 партии и коалиции имаат доставено изборни листи. Во првата ИЕ има 14, а во четвртата ИЕ 14.