Официјалниот претставник во изборниот процес во округот Кларк, во американската сојузна држава Невада, Џо Глорија, на прес-конференција во Лас Вегас изјави дека изборните органи денеска се подготвуваат да пребројат „малку повеќе од 51.000 гласачки ливчиња“, што ќе бидат објавени утре наутро.
– Очекуваме најголем дел од нашите гласачки ливчиња што се примени во системот да бидат готови до сабота или недела, додаде Глорија.
– Најголемиот дел од нашите гласачки ливчиња се надеваме дека ќе бидат подготвени до сабота или недела, значи до овој викенд. И повторно кажувам дека нема да завршиме до 12 ноември со сите оние гласачки ливчиња што беа искористени како исклучок, додаде тој.
Округот Кларк е голем центар во Невада, во кој се наоѓа Лас Вегас.
Глорија додаде дека округот по пошта добил вкупно 63.262 гласачки ливчиња што треба да се пребројат и обработат. Овој број вклучува гласачки ливчиња што биле искористени во центрите за гласање, гласачки ливчиња што биле испратени преку поштенската служба на САД и гласачките ливчиња што биле употребени пред денот на изборите.