Македонија 21. ноември 2019. / 21:45

Ѓубре низ цела Македонија: Во Гевгелија собрани над 50 килограми пластичен отпад

Ѓубре низ цела Македонија: Во Гевгелија собрани над 50 килограми пластичен отпад

Шеесетина ученици од Гевгелија и Јосифово учествуваа во еко акцијата што ја организираше граѓанското здружение „ChangeMakers4all“ со помош на јавното комунално претпријатие од Гевгелија.

Акцијата беше спроведена околу зградите на улицата „Илинденска“ во Гевгелија каде учесниците собраа повеќе од 50 килограми пластичен отпад.

Резултатот од акцијата го поттикна организаторот да ги награди учесниците со еднодневен викенд на планината „Кожуф“, а за жителите од зградите беше поразителен со оглед на фактот што во непосредна близина на местото каде што живеат има и детска градинка.

Собраниот пластичен отпад беше предаден на една откупна компанија,а со парите ќе бидат набавени дрвца за раззеленување на Гевгелија.