Орце Ѓорѓиевски од ВМРО-ДПМНЕ денеска на прес-конференција го осуди однесувањето на вицепремиерот Кочо Анѓушев кој, како што рече, се обидел со закани да го замолкне преставникот на „Транспаренси Интернешнл“ во врска со наводите за сомнителната стечајна постапка која се води за комбинатот ФЕНИ.
„Народната поговорка вели кој лаже, тој и краде, а тој што е фатен дека краде станува насилен. На површина излегува насилничкото и арогантно однесување на владата предводена од СДСМ. Тоа е резултат на нивната нервоза. Со тоа сакаат да ги покријат своите сомнителни бизниси, катастрофални политики и целосната своја неспособност“, истакна на пресот Ѓорѓиевски.