Македонија 01. август 2018. / 22:40

Ѓорѓе Иванов: Не прифаќам договор кој го крши уставот

Ѓорѓе Иванов: Не прифаќам договор кој го крши уставот

На средбата беше разговарано за актуелните политички состојби во Република Македонија и за натамошно зацврстување, збогатување и унапредување на стратегиското партнерство меѓу Република Македонија и САД.

Македонскиот претседател изрази очекување дека ќе продолжи американската поддршка за надворешно политичките цели и приоритети на Република Македонија, за добрососедските односи и регионалната соработка.

 Претседателот Иванов посочи дека Република Македонија уште во 2008-та година ги исполни условите за членство во НАТО и сиве овие години активно придонесувајќи во НАТО мисиите, заедно со земјите-членки, Република Македонија го заслужува членството без дополнителни услови.

Во однос на постигнатиот договор меѓу владите на Република Македонија и Република Грција, претседателот Иванов истакна дека не прифаќа договор со кој се крши Уставот, Законите и се рушат државните институциите и претставува договор кој е на штета на македонските национални интереси.

 На средбата, претседателот Иванов потенцираше дека одржување на мирот, стабилноста и просперитетот на нашиот регион е од клучно значење за целиот европски континент.