“Посакувам во животот да ги следи многу добрина, убавина и правдина. Празниците се за славење, но и за потсетување, да не потсетуваат за сето она што го поминале нашите предци за нивното опстојување, за вредностите што ни ги пренеле нам, што ние треба да ги сочуваме за нашите потомци“, изјави Иванов од пред Соборниот храм, посакувајќи им на граѓаните многу здравје, радост и среќа.
Додавајќи дека овој Велигден не потсетува и на 1.000 години од основањето на Охридската Архиепископија, Иванов рече дека „посакуваме нашата црква да биде дел од Православната екумена“. „Посакувам како сме сплотени и единствени за време на празниците, така да бидеме во текот на годината. Да си помагаме меѓу себе, да сме многу солидарни, тогаш и ќе бидеме успешни. Посакувам многу повеќе да си ја сакаме, да си ја почитуваме и да си ја чуваме Република Македонија“, изјави претседателот.