Македонија 08. март 2021. / 09:34

Ѓорчев: Заев и СДСМ сакаат структури како Левица да растат, затоа што го ослабнуваат ВМРО-ДПМНЕ

Ѓорчев: Заев и СДСМ сакаат структури како Левица да растат, затоа што го ослабнуваат ВМРО-ДПМНЕ

Во утринскиот подкаст „Утро со Златев“ на Радио Лидер, членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Владимир Ѓорчев зборуваше за растот на партиите како Левица.

На прашањето дали партиите како Левица може да ги загрозат позициите на „нормалната политика“ која ја имаме преку ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, тој посочи дека тие се причината за ширење на „Заевизмот“ во Македонија и причината поради која тој е на власт.

-Првенците на Левица се помеѓу тие луѓе кои ни го донесоа Зоран Заев на власт, беа активни во Шарената револуцијуа, тие го отвораа патот за инаугурација на заевизмот во Македонија, и се плашам дека истата партија може да биде причина за истото политичко преживување на Зоран Заев. Причината за ова е бидејќи на тој начин се ситни опозицијата кон Заев, се раситнуваат гласовите и тој со неговите византиски политики од кванташки пазар со купување на души пратеници и така натаму, повторно може да дојде до некои бројки кадешто би составил некаква влада, вели Ѓорчев.

Тој смета дека Шарената револуција беше многу влијателна за луѓето во Македонија и резултираше со промена на самото име.

-Многу луѓе беа понесени од таа Шарена револуција, јас гледам со што може ова да резултира. Тука добивма 3200 мртви, добивме промена на името на Македонија, добивме влада и власт, добивме министер за правда во македонска влада којшто со циркулар праќа писма и вели не смее да се користи зборот Македонија, добивме прохибиција на зборот Македонија, посочи Ѓорчев.

Ѓорчев смета дека тие повторно на наредните избори, ќе се најдат во ситуација кадешто ќе му помогнат на Заев за политички излез и дека затоа единствената опција којашто може да го замени Зоран Заев е ВМРО-ДПМНЕ.

-Затоа и Заев го напаѓа ВМРО-ДПМНЕ, а не нив. И тој и СДСМ сакаат тие структури и партии како Левица да растат, затоа што тие го ослабуваат ВМРО-ДПМНЕ, вели тој.