Македонија 20. јануари 2020. / 18:03

Ѓорчев за иселувањето: Заевизмот ја пустоши и уништува Македонија

Ѓорчев за иселувањето: Заевизмот ја пустоши и уништува Македонија

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Владимир Ѓорчев на својот фејсбук профил сподели објава од порталот АлсатМ во чии наслов стои дека 10 илјади лица од Македонија годишно добиваат работни визи за Германија.

Под објавата тој напиша: Ова е драматична вест. Заевизмот пустоши и уништува Македонија. Никогаш, никогаш не било полошо.

Пратеникот Ѓорчев вчера одржа прес конференција за демогрските движења, на која изнесе податоци од Државниот завод за статистика за кои рече дека Македонија се соочува со невидена досега демографска катастрофа.