Во сала 6 во Собранието во тек е состанок на Комисијата за здравство, а според фотографијата може да се види дека ниту самите пратеници не ги почитуваат протоколите за заштита од корона вирусот.
Дури 27 пратеници се збиени еден до друг во мала затвроена просторија, а некои од нив не носат ниту заштитни маски.
На фотографијата јасно се забележува претседателот на комисијата, Арбен Зибери од ДУИ, дека е без маска. Ова на Зибери, кој е лекар по вокација, не му се случува првпат. Претседателот на собраниската Комисија за здравство не носеше маска ниту во Собранието кога парламентот расправаше по амандманите со кои би се вовело задолжително носење на маска дури и на отворено.
Зибери во септември беше болен од Ковид-19 и по три недели се врати на работа во парламентот.
И порај секојдневните апели да се почитуваат мерките и препораките со цел заштита од коронавирусот, се чини дека истите тие мерки и протоколи важат само за обичните граѓани.
Дури и министерот Филипче изјавуваше дека мора да има санкции таму каде не се почитуваат мерките.
Ги почитува ли Комисијата за здравство протоколите?