Македонија 16. May 2019. / 16:40

Героски: Не сакаме децата да ни живеат во земја во која легално се шмрка кокаин

Героски: Не сакаме децата да ни живеат во земја во која легално се шмрка кокаин

Новинарот и главен уредник на медиумите „Слободен печат” и „ПлусИнфо”, Бранко Героски, во својата колумна насловена „Сакаме пратеник независник” пишува дека судбината на пратеникот Павле Богоевски е прашање на кривично-правна постапка.

Героски во колумната пишува дека во Македонија сепак постојат граѓани кои се против легализација на дрогата.

– Можете да се пењавите колку што сакате, но има меѓу нас, обичните луѓе, такви што не сакаат нивните деца да живеат во земја во која легално ќе може да се пуши марихуана, да се шприца хероин и да се шмрка кокаин. Колку сме, толку сме, токму сме. Распишете референдум и ќе си видите кој е во мнозинство.

А тоа што „дувате“, шмркате и се боцкате, па и јавно се фалите со тоа (читаме меѓу редови, де), тоа веќе не е баш „ин“ во светот. Вие ги лечите своите фрустрации, фалејќи се со вашите пороци и обидувајќи се да ги наметнете како модел на либерално општествено поведение, наспроти нашиот наводен „конзервативизам“ и „малограѓанштина“. И згора на сè, убедени сте дека и тој наратив народот ќе го проголта. – напиша Героски.

Цела колумна може да ја прочитате ТУКА.