Македонија 17. јануари 2020. / 18:43

Германскиот амбасадор гледа добри шанси за почеток на пристапните преговори пред самитот во Загреб

Германскиот амбасадор гледа добри шанси за почеток на пристапните преговори пред самитот во Загреб

Германскиот амбасадор во Македонија, Томас Герберих, оценува дека има реални шанси земјава да добие датум за почеток на преговори пред мајскиот самит на ЕУ во Загреб.

– Ставот во целина е позитивен. Во моментов според мене, има добри изгледи пред самитот во Загреб да се започне со пристапни преговори со Северна Македонија. Ја даваме нашата поддршка и остануваме партнери во рамките на ЕУ во оваа насока – вели амбасадорот Герберих во интервју за емисијата „Трилинг“ на „ТВ 24“.

Германскиот амбасадор додава дека, според него, донесувањето на законот за Јавно обвинителство ќе биде од корист за започнувањето на преговорите.

– Сега ќе зависи од владината коалиција и опозицијата во парламентот да постигнат согласност и по можност брзо да го изгласаат законот – смета Герберих.