Љубчо Георгиевски преку статус на Фејсбук одговори на колумната на Бранко Героски на „Плусинфо“ „Љубчо, кажи кој ти го наметна Ден Дончев – да не беше случајно по муртинска линија?“
Како прво Героски има искинато многу повеќе пара чевли од мене низ годините наназад за Дончев да добие директорско место. Како второ, воопшто не ми е намерата да го бранам Ден, напротив со задоволство ќе читам сѐ што Героски ќе напише во корист на јавното добро. И трето, само не ми го лепи Ден затоа што немам никаква лична или партиска одговорност за него, а испаѓа дека свесно пушташ лажна трага – пишува Георгиевски.