Денес членот на ИК ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски заедно со генералниот секретар Игор Јанушев и Ане Лашкоска и претставници на ОК Прилеп се приклучија на десетици граѓани и здруженија и оддадоа почит на 67 загинати Комити при биткааа на ножот, Орце Ѓорѓиевски на Фејсбук напиша:
Тивко е на Ножот! Овде, пред 112 години животот за подобро утре, за слобода, за правдини го дале 67 млади комити. Ова е најголемата и најкрвавата битка во постилинденскиот период.
Организацијата која сите мислеле дека е уништена сѐ уште била цврста и силна. Цврсти и силни се и младите Македонци кои ги дадоа своите животи за сон, за идеал, за нивната животна непребол – за Македонија!
Нивната саможртва не можеме да ја дадеме, но да бидеме достојни на нивното име, да ја чуваме и унапредуваме Македонија – тоа е наша обврска!
Никогаш да не се заборави жртвата на илјадници знајни и незнајни јунаци, кои животот го положија на олтарот на татковината.
Од овде најсилно се чувстува – жива е Македонија!