Македонија 18. февруари 2019. / 11:47

Гаши се откажа од „БЕСА“ – ќе ја формира „Алтернатива“

Гаши се откажа од „БЕСА“ – ќе ја формира „Алтернатива“

Членството на крилото „БЕСА“ предводено од Африм Гаши побарало да се прекине судскиот процес за името на партијата.

Поради тоа Гаши и неговите поддржувачи се откажуваат од спорот и ќе формираат нова партија.

Новата партија треба да биде регистрирана наскоро, и ќе го носи името „Алтернатива“. Со тоа „БЕСА“ останува на Билал Касами.

Оваа одлука беше донесена на вчерашната средба на централното собрание предводено од Гаши.

По локалните избори во партијата „БЕСА“ настана внатрепартиски раскол, поради незадоволството од постигнатите резултати.