Македонија 11. јануари 2019. / 13:34

Гаши ги повика пратеницте на Касами да гласаат за промена на името

Гаши ги повика пратеницте на Касами да гласаат за промена на името

Крилото на Беса, чиј претседател е Африм Гаши, е за уставни измени. Од таму бараат од медиумите двајцата пратеници од другото крило на Беса, чиј претседател е Биљаљ Касами, а со кои наводно се преговара да гласаат за уставните измени на денешната седница, да ги пишуваат со нивните лични имиња.

-Сега, кога е актуелна улогата на пратениците за очекуваните уставни измени, а двајца пратеници, дојдени некогаш од една друга партија во движењето Беса му се спротивставуваат на овој процес, бараме од медиумите да имаат разбирање за овие разлики и секогаш кога треба да информираат за ставот ‘против’ на тие пратеници, да ги споменуваат преку нивните лични имиња или преку фракцијата што ја претставуваат -изјави Гаши.

Притоа, тој уште еднаш потврди дека движењето Беса со своите три пратеници останува силно посветено на усвојување на уставните измени и членството на земјата во НАТО.