Македонија 01. мај 2018. / 22:00

Гаши демантира: Шпекулација е дека ќе бидам министер за образование

Гаши демантира: Шпекулација е дека ќе бидам министер за образование

Лидерот на едното крило на Беса, Африм Гаши, во чија група се тројца пратеници, за Либертас вечерва изјави дека не е точна информацијата на тв 21 според која тој добил понуда неговото крило да влезе во владата на Заев, а тој да биде министер за образование.

-Ние водиме разговори со премиерот Заев и тоа не е тајна но во разговорите не сме дошле до тоа да добиеме ресор и јас да бидам министер за образование – вели за Либертас Африм Гаши.

-Рано е за тоа – вели тој – а во нашата партија има расположение да партиципираме со тројца пратеници во владата.

Другото крило на Беса кое го предводи Билал Касами има двајца пратеници. Поделбата на Беса на две крила – Скопско и Тетовско – е предмет на судска разврска. Основниот суд во Скопје донесе пресуда во корист на Билал Касами, а крилото на Гаши ја обжали.