Македонија 06. април 2018. / 17:53

Гарет: Безбедноста на регионот зависи од решението за спорот со името

Гарет: Безбедноста на регионот зависи од решението за спорот со името

Решение за спорот со името е централно безбедносно прашање за целиот регион, и за западните земји заедно со Велика Британија, изјави британскиот амбасадор во Република Македонија Чарлс Гарет во интервју за телевизија „Телма“. Тој очекува Македонија и Грција да направат компрпомис.

– Јас сум претпазлив оптимист. Гледам дека преговорите продолжуваат. Има позитивни коментари јасно е дека има посветеност во обидите на двете страни, на Атина и на Скопје, и на Грција и на Македонија е да го решат ова прашање засекогаш. Знам дека има тежок момент. Потребна е политичка храброст за да се постигне потребниот договор – рече британскиот амбасадор.

Во однос на прашањето дали може да се очекува посредништво на западните сојузници во насока на решавање на спорот, Гарет истакна дека таа поддршка постоела отсекогаш.