Поранешната министерка за култура, Ганка Самоиловска Цветанова, на својот Твитер профил запраша дали постои разлика во концептот на Голема Албанија, Голема Србија и новиот грчки слоган „Macedonia the GReat“, кој беше промовиран од грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис во Солун.
Што е разликата помеѓу концептот на Голема Албанија, Голема Србија и грчкиот слоган „Macedonia the GReat“? Нема разлика. Сите три концепти почиваат на иредентистичка идеологија, напиша Ганка Цветанова на Твитер.