Лицето од Кавадарци, кое најверојатно е позитивно на корона вирусот е јавен функционер на локално нивно, односно во Јавното претпријатие „Македонски шуми“, дознава „Фокус“.
Според информации на „Фокус“, тој подолго време покажувал симптоми на вирусот, па бил лекуван во домашни услови.
Неговата сопруга исто така се тестира дали ја добила инфекцијата.
Вирус кај функционерот бил потврден во приватната болница „Жан Митрев“. Ова е прв случај на корона вирус во Кавадарци, пишува „Фокус“.