Македонија 18. ноември 2020. / 12:02

Функционер на СДСМ со говор на омраза: Ги нарече Захариева и Бакојани фригидни кучки!

Функционер на СДСМ со говор на омраза: Ги нарече Захариева и Бакојани фригидни кучки!

Зоран Иванов, поранешен новинар и портпарол во неколку влади на СДСМ, на социјалните мрежи објави коментар кој содржи говор на омраза против Екатерина Захариева и Дора Бакојани.

Иванов важи за еден од најгласните апологети на СДСМ и надворешната политика на Зоран Заев, а во моментот ја врши функцијата Претседател на надзорен одбор на МИА.

На својот Твитер профил, Зоран Иванов упати мизогини и навредливи коментари, кои упатуваат на силна омраза, не само кон Бакојани и Захариева, туку и кон женскиот род.

Тој напиша:

 

Екатерина Захариева е моментала министерка за надворешни работи на Бугарија, додека Дора Бакојани е поранешна министерка за надворешни работи на Грција.