Македонија

Фудбалскиот менаџер Драган Силјаноски уапсен во Белгија како дел од скандалот со наместените натпревари

Фудбалскиот менаџер Драган Силјаноски уапсен во Белгија како дел од скандалот со наместените натпревари

Македонскиот фудбалски агент Драган Силјаноски е приведен утрово во акцијата на белгиската полиција за „местенките“ во фудбалот во оваа земја. Тој е деветтиот приведен во акцијата, а е поврзан како агент на тренерот на Клуб Бриж, Иван Леко, и напаѓачот на Андерлехт, Иван Сантини.

Оваа вест е потврдена и од канцеларијата на јавното обвинителство на Белгија.

Силјаноски е осомничен за учество во злосторничко здружение и перење пари.