Македонскиот фудбалски агент Драган Силјаноски е приведен утрово во акцијата на белгиската полиција за „местенките“ во фудбалот во оваа земја. Тој е деветтиот приведен во акцијата, а е поврзан како агент на тренерот на Клуб Бриж, Иван Леко, и напаѓачот на Андерлехт, Иван Сантини.
Оваа вест е потврдена и од канцеларијата на јавното обвинителство на Белгија.
Силјаноски е осомничен за учество во злосторничко здружение и перење пари.