Македонија 21. март 2019. / 22:33

Фрчкоски за Андов: Решив да тужам, независно што тој е стар господин и можеби тотално одлепил

Фрчкоски за Андов: Решив да тужам, независно што тој е стар господин и можеби тотално одлепил

Во дебатниот магазин на ТВ21, професорот Љубомир Фрчковски објасни како се одлучил да поднесе тужба против поранешниот собраниски спикер, Стојан Андов. На прашањето дали ја прочитал книгата, тој вели не цела. Сепак се решил да тужи.

Тешко се одлучив, ја контекстира целата таа група помлади политичари, но јас сум најистурен од таа група, веројатно како министер за внатрешни работи. Без никакви докази, со инсуации. Ние сме всушност луѓе кои Глигоров ги внесе во политиката, мене, Денко, Јане Миљовски. Ми беше многу непријатно. Не зависно што тој е стар господин и можеби тотално одлепил комплетно со меморијата или има други амбиции – вели Фрчкоски.