Поранешниот министер за надворешни работи, Љубомир Фрчкоски во интервју за Алсат М ги коментираше предлози за решавање на прашањето за името оценувајќи ги како најсериозни имињата Горна Македонија и Северна Македонија, напишани одделно.
Според него, Грција нема да инсистира и понатаму за уставни измени, бидејќи овој правен акт е променлив и никој не гарантира дека Уставот нема да се менува повторно по договорот.
Фрчкоски пред неколку дена изјави дека доколку се склучи меѓународен договор меѓу Македонија и Грција тој ќе биде силна гаранција за сигурноста на решението за спорот за името.
Што се донесува на прашањето за евентуален референдум, Фрчковски вели дека тој не може да го поништи договорот.
Очекувањата се дека со евентуалниот меѓународен договор ќе бидат задоволени барањата и на Македонија за неменување на Уставот како и инсистирањето на Грција сите натамошни влади да го почитуваат договореното име.