Адвокатката Ирена Фрчкоска, која ја брани Катица Јанева во предметот „Рекет“, за однесувањето на нејзиниот клиент вели дека е последница на револт поради, како што вели, сите работи што ѝ се случуваат.
Мачето ѝ го возев затоа не чинам. Ороспија, биле точните зборови кои Јанева ги рекла на Стефанова.
Фрчкоска вели дека Јанева постапувала согласно нејзините законски надлежности и тука нема ништо спорно.
Јас не се согласувам со таквите испади, но Катица Јанева е прилично револтирана, поради сите овие работи кои ѝ се случуваат. Гледаме дека обвинителката Стефанова во јануари кажувала еден став, сега друг. По наш впечаток, работите се извртуваат, а во друг дел – во ред беше исказот, рече Фрчкоска.