Преспанскиот договор за Северна Македонија го отвори влезот за во НАТО, но тоа не е доволно во процесот за европски интеграции, изјави француската министерка за европски прашања Натали Лоазо.
За да започне преговори со ЕУ, Северна Македонија ќе мора да ги исполни критериумите- истакна Натали Лоазо, а пренесува Сител.
За време на средбата со француската колешка, вицепремиерот задолжен за европски прашања Бујар Османи, изрази оптимизам во врска со почетокот на преговорите со ЕУ, бидејќи како што вели тој Владата била посветена на реформите.
Но сепак, француската министерка била резервирана во својот оптимизам, бидејќи одлуките на ЕУ по прашањето на проширувањето се донесуваат со консензус, пренесува Танјуг.
Таа порача дека унијата се соочува во големи предизвици во однос на спроведувањето на внатрешни реформи, кои се неопходни за евентуално прифаќање на нови земји членки.
Франција, Холандија и Данска на самитот на ЕУ во јуни минатата година, биле најскептични во прашањето на доделување условен датум за почеток на преговори со Македонија и Албанија.