Началникот на Главниот штаб на оружените сили на Франција, Франсоа Леконтре изјави дека неговта војска е подготвена да нападне цели во Сирија во случај на употреба на хемиско оружје во северната покраина Идлиб, јави Ројтерс.
Францускиот генерал очекува дека терористичката ирганизација Исламска држава ќе престане да постои во Сирија и во Ирак до крајот на годината.
Последните денови ситуацијата во Сирија стана се понапната. Портпаролот на министерството за одбрана на Русија Игор Конашенков изјави дека, според независни извори, терористите подготвуваат провокација за да го обвинат Дамаск за употреба на хемиско оружје против цивили во Идлиб.
При тоа, шефот на Пентагон, Џејмс Матис рече дека САД активно ја разгледуваат можноста со Русија за спречување можна употреба на хемиско оружје во Сирија. Судбината на Идлиб може да биде позната по состанокот на челниците на Иран, Турција и Русија што ќе се одржи во петок во Техеран.