Во Собранието денеска младите од регионот од пратеничка говорница зборуваа за нивните потреби, на седницата за Национален совет за евроинтеграции, а заменик шефот на македонската дипломатија Андреј Жерновски останал на телефон, пренесеува „Слободен печат“.
Идејата на младите од повеќе земји е и тие да бидат вклучени во евроинтеграциите. Говореа за состојбата во медиумите, меѓу другото и проблемите со вработување, животната средина…
Додека дел од нив предлагаа решенија дел од пратениците и владините функционери се фатија за мобилните телефони.
Таков беше примерот со заменик – министерот за надворешни работи Жерновски, кој постојано се допишуваше. Сепак, и тој се приклучуваше на аплаузите откако им завршуваа говорите на младите.