Мртва тишина и затворени врати без луѓе. За прв пат се случува христијанските гробишта на денешен ден да останат празни. Ова е сликата која ја затекна екипата на 24 инфо на гробиштата во Бутел.
Гробиштат останаа празни поради одлуката за забрана за движење на Владата, а според која и за посетата на гробиштата, освен за погреби, важи од синоќа до 21 часот до понеделник до 05 часот.
Фотографиите од градските гробишта Бутел ги направи Слободан Ѓуриќ.