Македонија 02. април 2019. / 12:02

(ФОТО) Силјановска се растегна: Вежбаше јога на плажа

(ФОТО) Силјановска се растегна: Вежбаше јога на плажа

Утрово кандидат за претседател од ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска-Давкова вежбаше јога на кејот од Охридското Езеро, објави Скопје1.

Вежбите ги правеше заедно со инструктор, но и со нејзините поддржувачи кои се одзваа на поканата која вчера беше објавена на социјалните мрежи. Оваа активност е дел од кампањата која кандидатката за претседател ја спроведува во Охрид. Силјановска-Давкова, пред почетокот активноста рече дека таа во одреден период вежбала јога цели четири години, но потоа прекинала. Таа додаде дека оваа активност ја опуштала и за неа е филозофија на живеење и тренинг за духот.

Инаку вчера, Силјанова-Давкова порача на граѓаните дека иако се навредени и понижени, тие се храбри и не се предаваат. Во говорот се осврна на принципите на кои ќе работи, но вети и дека ќе ја исправи неправда што власта ѝ ја нанела на државата со промената на името.