Македонија 12. ноември 2020. / 17:32

(ФОТО) Што ветуваше Владата за македонскиот јазик пред референдумот во 2018-та?

(ФОТО) Што ветуваше Владата за македонскиот јазик пред референдумот во 2018-та?

Владата на 17 јуни 2018 година го потпиша Преспанскиот договор кој на некој начин беше прв чекор за  влез на нашата држава во ЕУ. Претходно потпиша и договор за добрососедство со Бугарија. По овие два договора, владејачката партија  нѐ убедуваше дека секоја бариера е надмината.

Едно од клучните барања на македонскиот народ пред Референдумот во 2018-та беше воопшто да не станува збор за формулацијата и употребата на македонскиот јазик. Владата децидно тврдеше дека македонскиот јазик ќе биде официјален во ЕУ без никакви дополнителни објаснувања или фусноти.

Неколку години подоцна Македонија е пред можно вето од страна на Бугарија, односно блокирање на преговорите за ЕУ само заради нашиот јазик. Доколку не се успее македонскиот јазик да биде официјален во големото европско семејство, тогаш власта ќе си го прегази и овој збор.