Македонија 08. февруари 2018. / 13:08

ФОТО: Семејство од Тетово како миленици чува волци!

ФОТО: Семејство од Тетово како миленици чува волци!

Семејството Исмаили од Тетово, во својата викендичка во подножјето на Шар Планина има несекојдневни миленичиња – волци. Иако се сметаат за крволочни, Алек, Лупо и Луна се разиграни и питоми и доста послушно ги слушаат наредбите на нивниот сопственик, Фадил.

Во близина на Тетово се наоѓа селото Лешок, а на периферијата на ова место, се наоѓа викендичката на Фадил. Тој и неговото семејство се грижат за нивните миленичиња уште додека биле малечки. Со нив престојуваат во викендичката, а често ја делат и храната.

– Сето ова е во спортивност на реалноста на човекот во која се тврди дека волкот е лош. Уверен сум дека човек е полош од волкот. Овие волци не ми направија ништо, но луѓето ми имаат направено. Се плашиме од волчјите заби, а не од вооружените луѓе, вели Исмаили и додава дека доколку на волците им подариш љубов, тие ќе ти вратат уште повеќе.

Пред да ги купи, Исмаили проучувал и следел обуки за тренинг на животни. Вели дека неговите волци комуницираат со знаци и движења и дека човекот е оној кој треба да се обиде да го сфати нивниот јазик, а не спротивно.

Извор и повеќе фотографии на Факултети.мк