Македонија 09. октомври 2018. / 14:11

(ФОТО) Претседателот Иванов му даде поддршка на режисерот Јани Бојаџи

(ФОТО) Претседателот Иванов му даде поддршка на режисерот Јани Бојаџи

Претседателот на Република Македонија Ѓорѓе Иванов на својата официјална Фејсбук страница, јавно го поддржа режисерот Јани Бојаџи.

Поддршката следи откако власта неколку пати се обиде да го спречи прикажувањето на филмот “Ругање со Христос”.

Прво се направија обиди да се спречи фестивалот “КинеНова” каде премиерно беше прикажан овој филм. Потоа, полицијата упадна во домот на Бојаџи и го уапси неговиот татко за наводно присвојување на артефакти.

На крајот, филмот доживеа одлична премиера, а Државниот правобранител го повлече поднесокот за забрана на филмот до Основниот суд 2 во Скопје.