Согласно стапувањето во сила на Преспанскиот договор, Управата за јавни приходи го промени името на својата информативна веб-страница.
Претходно, на 15 февруари Народната банка го промени името во НБРСМ. Засега единствено само Кабинетот на претседателот Ѓорѓе Иванов не го промени називот според новото уставно име.
Министерствата, единиците на локалната самоуправа, фондовите, агенциите, дирекциите, јавните претпријатија, регулаторни тела, трговски друштва основани од државата и други институции основани од државата мора да го променат називот.