Македонија 02. јули 2018. / 16:35

(ФОТО) Партизација во најава: Болницата во Битола вработува 15 луѓе, но не и медицински кадар

(ФОТО) Партизација во најава: Болницата во Битола вработува 15 луѓе, но не и медицински кадар

Болницата во Битола има распишано оглас за вработување на 15 луѓе, но тоа што е интересно е дека станува збор за правници, економисти, воспитувачи, возачи, книговодители, молери, пресметувачи на плати итн.

Овој оглас е многу чуден зошто во него не се бара медицински кадар ако се знае дека нема болница во Македонија која не се соочува со недостиг на медицински сестри, доктори и хирурзи.

Лидер дознава дека овој оглас е наменет за вработување на заслужни партиски кадри во СДСМ, кои не успеале досега да се вработат на други позиции во државната администрација.