Македонија 07. септември 2019. / 12:57

(ФОТО) Отстранета „хеленската“ плоча од споменикот на Александар Македонски во Скопје

(ФОТО) Отстранета „хеленската“ плоча од споменикот на Александар Македонски во Скопје

Откако летна хеленската плочка, поставена од Владата на Зоран Заев, од споменикот на Александар Македонски во Прилеп, а сега истото се случи и во Скопје, пишува Инфомакс.

Конечно, полета хеленската плочка од споменикот на Александар Македонски (фонтаната Воин на коњ) на плоштадот Македонија во Скопје! Црвено-жолтиот отпop продолжува. Македонија на Македонците. Да живее Македонија, пишува во објавата на Фејсбук на страницата на Млади за Македонија.

На крајот од тесктот е хаштагот: Црвено-жолт отпор и Никогаш северна секогаш Македонија.

Како што е познато овие плочки во текот на минатиот месец ги постави Владата, повикувајќи се на обврска од Договорот со Грција, дека сите споменици од Антиката во Македонија се хеленски, односно грчки.