Првиот битолски новогодишен украс светна „духот на добрососедството“. Убавите желби за 2021 година се претворија во добрососедска комедија. Откако медиумите преносоа, а граѓаните се мајтапеа со оваа грешка, Битолчани се поправија.
Битолскиот украсувач на градскиот украс напиша „ЗДРАВЕ 2021. Голтнувајќи едно Ј, македонското здравје стана бугарско здраве.
Откако граѓаните објавија, а медиумите пренесоа дека во Битола, битолскиот украсувач напишал „ЗДРАВЕ 2021, следуваше експресна реакција од градските власти и буквите се отстранети. Сепак, оваа грешка остана за „мајтап“ на социјалните мрежи.
Еве слика од тоа како беше напишан новогодишниот украс, и како беше корегиран, односно буквите беа отстранети.