Македонија 13. јануари 2019. / 17:59

(ФОТО) Одметнатите пратеници и денеска го бранеа идентитетот

(ФОТО) Одметнатите пратеници и денеска го бранеа идентитетот

Меѓу најдобрите маски на денешениот Вевчански карневал беше и онаа за одметнатите пратеници од коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ кои гласаа за отворање на Уставот, а во петокот и за уставните измени. Пратениците Елизабета Канческа Милевска, Нола Исмајлоска Старова, Зекир Рамчиловиќ и Крсто Мукоски на средина, и денеска го бранеа идентитетот во Вевчани. Тие пееја патриотски песни додека дефилираа на карневалот.