Во поликлиниката на секундарно ниво „Железара“ во Скопје е набавена нова медицинска опрема и се реконструирани и реновирани кабинетите.
Формиран е нов дијагностички кабинет, во кој функционираат сите ултразвучни апарати и апаратот за дензитометрија, со што се зголемува бројот на прегледани пациенти.
Комплетно се обновени и преуредени и кабинетите за физикална и рехабилитациска медицина, кабинетот за ЕЕГ, реновиран е влезниот хол и поставен е нов централен шалтер.
Набавен и ставен во функција e нов апарат за ЕЕГ, со кој значително се зајакнува кабинетот за неврологија. За рендген кабинетот се обезбедени дигитален апарат за панорамско снимање заби и ултразвучен апарат со елестограф за ЕХО на дојка, за очниот кабинет нов апарат за OCT, бесконтактен тонометар, орторајтер, во кабинетите по интерна медицина – нов холтер за крвен притисок и ЕКГ холтер систем, како и бројни апарати наменети за кабинетот по физикална терапија.
Кабинетот за дерматовенерологија е доопремен со комплетно нов електрокаутер, апарат за крио терапија, дермоскоп, бактерицидна ламба, како и нова центрифуга и микроскоп за лабораторијата во оваа установа.