Македонија 17. јуни 2020. / 20:15

(ФОТО) Невремето во Неготино предивика поплава и интервенција на пожарникарите

(ФОТО) Невремето во Неготино предивика поплава и интервенција на пожарникарите

Невреме проследено со интензивни врнежи предизвика вистинска поплава на неколку улици во централното градско подрачје на Неготино.

Обилниот дожд беше причина на терен да интервенираат и неготинските пожарникари.

Командирот на Територијалната противпожарна единица, Иле Илиев, за МИА изјави дека со пумпи ја црпат надојдената вода во строгиот центар на градот.